Променливо облачно со значаен пад на температурите

Подрачјето на Македонија од изминатата ноќ падна под влијание на влажна и постудена воздушна маса која продира од север, со што ќе настапи позначителна промена на времето. Во неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени утрински врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 степени на повисоките места на западот на земјата, до 27 Целзиусови степени на крајниот југ.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 22 степени.

Претходна вестЛина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Србија
Следна вестРистески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти