АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Во времето од 17:15 ч. на магистралниот пат А3, Ресен – Охрид, ќе има забрана за движење на одредена категорија моторни возила, односно влекачи со полуприколка и ТМВ со приклучни возила.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ

На 12.09.2024 година од 21:20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар – Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Истиот ќе се пренасочува преку с.Рабин.

Претходна вестРистески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 проценти
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија