Не работи жичницата на Водно поради силен ветер

Жичницата која води од средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден.

-Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, стои во соопштението на ЈСП Скопје.

Претходна вестЦУК: Спасителна акција на Дојранско Езеро
Следна вестЛегендарните хитови на Битлси, утре ќе воскреснат во оригинална изведба на Националниот џез оркестар