Китевски, Михајловски, Темков и Каров се добитници на државната награда !11 Октомври“

Фолклористот Марко Китевски, актерот и продуцент Јовица Михајловски, сликарот Владимир Темков и мултимедијалниот уметник и еден од авторите на ТВ-емисијата „К-15“,  Љупчо-Бубо Каров се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

Како што соопшти Министерството за култура, Каров, Темков и Михајловски се наградени за животно дело во областа на културата и уметноста, а проф-др Китевски, кој е истражувач на македонскиот фолклор за животно дело, во областа на науката.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Државната награда се врачува во Собранието на Македонија на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Претходна вестДве лица обвинети за дивоградба во Охрид, додале уште две армирани плочи за да ја зголемат катноста
Следна вестТошковски: Доколку има предизвици насочени кон дестабилизација, жестоко ќе одговориме