Израел започна копнена офанзива на Либан

Израелската војска потврди дека нејзините војници извршиле копнена инвазија на Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнале локализирани и насочени напади врз цели на Хезболах во пограничната област на јужен Либан.

-Овие цели се наоѓаат во селата блиску до границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел, додаваат тие.

Тие наведоа и дека операцијата ќе продолжи во согласност со проценката на ситуацијата и паралелно со борбите во Газа и на другите фронтови.

Либанската војска се повлече од границата со Израел, пред израелската копнена инвазија, само неколку дена откако Израел го уби лидерот на проиранската вооружена група Хезболах, што ги ескалира регионалните тензии.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рече на водачите на локалните совети во северниот дел на Израел дека наскоро ќе започне следната фаза од војната долж јужната граница на Либан, чија цел е враќање на Израелците кои избегаа од ракетите на Хезболах во речиси една година гранично насилство.

Тој, исто така, ѝ рече на израелската војска: Ќе ги користиме сите потребни средства – вашите сили, други сили, од воздух, од море и од копно. Среќно.

Либанската војска се повлече од своите позиции долж својата јужна граница на околу пет километри северно, соопштија либанските безбедносни сили.

Амал Ал-Хурани, градоначалничката на претежно христијанскиот град Џејдет Марџајун, на околу 10 километри од границата, изјави за Ројтерс дека двајца жители добиле повици од израелската војска со наредба да се евакуираат што е можно поскоро.

Претходна вестПензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари
Следна вестЗемјотрес во Берово