Институтот за јавно здравје потврди дека токсини од бактеријата стафилокока биле пронајдени во колачиња послужени во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“.
Околу 140 деца од прво до трето одделение се пожалиле на стомачни тегоби и други симптоми на труење откако на 26 септември јаделе мусака и бомбици во училиштето во населбата Аеродром.
За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што е затворена кујната во училиштето и оттогаш не се служеше топол оброк.
Од ИЈЗ сега потврдуваат дека во храната послужена на учениците биле пронајдени трагови на присуство на опасните бактерии.