Николов и Начевски ќе судат Барса – Веспрем

Можеби двата најдобри клубови во моментов, Барселона и Веспрем, денеска ќе се соочат во полуфиналето на Светско клупско, а нивното соочување ќе мине со македонска арбитража.

Веќе не е новост дека Славе Николов и Ѓорѓи Начевски уживаат голема доверба во ЕХФ и ИХФ, па ги добиваат најтешките натпревари за судење.

Тие се делегирани од ИХФ за првото полуфинале на Светското клупско првенство во Египет што ќе се игра од 16:00 часот.

Во второто полуфинале ќе играат бундеслигашот Магдебург и египетскиот Ал Ахли со почеток во 19:00 часот, а овој дуел ќе го судат браќата Гасми од Франција.

Претходна вестБез струја утре делови од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште и Шуто Оризари
Следна вестСДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања