18-годишник од Липково прегази девојка, па избега

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.

Претходна вест„Левица“: 100 дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС
Следна вестТрендафилов од ССМ: Утре ќе биде 101. ден од новата влада и повторно нема да биде ништо сменето