Трендафилов од ССМ: Утре ќе биде 101. ден од новата влада и повторно нема да биде ништо сменето

Утре ќе биде сто и првиот ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето, оцени денеска првиот претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Тој истакна дека сѐ уште немале седница на Економско социјланиот совет, за да бидат информирани што се направило досега во првите 100 дена Влада, а и за да ги изнесат своите барања.

– Сметавме дека во првите 100 дена од Владата требаше да седнеме заедно на заедничка маса и да ги разговараме сите битни прашања, како растот на платите кое беше потребно да се случи вчера, а денеска веројатно ќе биде доцна. На 1 мај истакнавме повеќе барања, а меѓу нив беше и барањето за раст на минималната плата. Сметаме дека аргументите се токму на страната на работниците, сметаме дека 25.000 работници во државата, кои земаат 22.567 денари е некоректно, односно нечовечки да ја примаат како таква. Сметам дека 10.000 работници кои примаат плата од 1 денар до 22.567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите и сметаме дека доколку за да покриете една минимална синдикална кошничка ви се потребни веќе три минимални плати, дека аргументите наши се издржани и дека делот за храна и пијалоци, кој е веќе дваедет и две-три илјади денари – една минимална плата не покрива ниту храна, леб и вода, рече Трендафилов пред почетокот на конференција на тема “Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици”.

Тој наскоро очекува да се одржи седница не Економскиот социјален совет, а ССМ понатану ќе даде поддршка на сите синдикати во нивната борба за повисоки плати во секторите каде ги застапуваат работниците, а минималната плата е нешто што треба да се случи во најскоро време.

Претходна вест18-годишник од Липково прегази девојка, па избега
Следна вестПрвата половина од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштена во мај