Граѓаните да не наседнуваат на измамата со лажна Дневна Паркинг Карта, предупредува ПОЦ

Денес е пријавена поставена лажна Дневна Паркинг Карта (ДПК) при која се злоупотребени дизајнот и логото на ЈП Паркинзи на Општина Центар, соопшти ова општинско претпријатие.

Во предупредувањето се наведува дека на неа стои QR код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата за истата, а истиот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства.

-Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни и доколку забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk . Од наша страна во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста со цел заштита на граѓаните, укажувата од ПОЦ.

Претходна вестМладите брачни двојки кои ќе градат куќи во Кисела Вода се ослободени од комуналиите
Следна вестСончево време, минималната температура ќе се спушти под нулата