Галевски: Тука сум да го оправдам повикот, сакаме победи против Естонија и Литванија

Иван Галевски е еден од трите повикани голмани од селекторот Кирил Лазаров за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2026 година, поточно за дуелите со Естонија и Литванија.

Лазаров се одлучи да го „одмори“ искусниот Никола Митревски и им даде шанса на Мартин Томовски и Марко Кизиќ, плус Галевски да се борат за позицијата број еден, да покажат дека можат да одговорат на предизвикот, да понесат поголема одговорност.

-Пред сè ова е мој прв официјален собир, честа и задоволството е огромно. Одговорноста уште поголема. Играме два натпревари со Естонија и Литванија, противници кои заслужуваат почит. Ние ќе го дадеме максимумот и одиме на победа. Тука сум за да го оправдам повикот на селекторот, секоја шанса која ќе ја добијам ќе пробам да ја искористам, -порача Галевски.

Средбите со Естонците и Литванците во Скопје ии Вилнус се закажани за 6 и 10 ноември.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Советот на јавни обвинители да престане со кршење на законот
Следна вестМајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка во Ѓорче Петров