По ремонтот во Чешка вратени во служба армиските хеликоптери „М-8“

Денес во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, информира на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-По само 4 месеци раководење со министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија. Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на Министерството. Армијата сега располага со 4 хеликоптери, соопшти Мисајловски.
Тој искажа благодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира.

Претходна вестПолицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско
Следна вестПронајдени 12-те планинари кои се изгубија на Шар планина