Поранешниот играч на Вардар Гоце Седлоски е новиот тренер на скопскиот прволигаш Вардар откако вчра беше назначен да го води првиот тим. По разделбата со Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар веднаш го назначи новиот предводник на првиот тим.
Седлоски со ова по вторпат во кариерата ќе го води Вардар, а претходно беше и спортски директор. 50-годишникот ќе биде четвртиот нов тренер на вардарци во новата сезона, па останува да се види како ќе се снајде.
Информацијата за ангажманот на Седлоски клубот ја објави на својот профил на социјална мрежа „Икс“.
-АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот, стои во објавата.
Во својата тренерска кариера Гоце Седлоски работеше како асистент и привремен селектор на Македонија, го водеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи, Влазниа и Работнички.