Ловџијата од Штип случајно се самоубил откако го бранел синот од дива свиња

Во несреќен случај починал 31-годишниот ловџија од Штип Иван Камчев во штипскиот регион, објави телевизијата Стар.

Се наведува дека настанот се случил во атарот на селата Лесковица и Пиперово.

-Според неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112 , несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите. При пукањето тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната медицинска помош е констатирана смрт, се наведува во веста што ја објавува ТВ Стар.

Оваа верзија на настанот ја утврдуваат полицијата и обвинителството.

Фото: Принтскрин ТВ Стар

Претходна вестСедлоски пак на клупата на Вардар
Следна вестАшаданов селектираше 12 кошаркарки за дуелите со Украина и Португалија