Владата денес ќе донесе одлука одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75 годишнината од НАТО.
Македонија ќе се приклучи на барањата на другите земји членки на алијансата и на ЕУ да продолжи да го помага одвраќањето на руската агресија.
Од што ќе состои помошта Мисајловски не кажа, но најави дека тоа ќе се објави откако ќе биде одржана затворената седница на Владата.
-Ќе продолжиме да помагаме.Затоа сме пријатели, порача министерот Мисајловски тврдејќи дека помош ќе има и во иднина според можностите на Македонија. Тој најави наедно забрзана модернизација на нашата армија за која идната година одвојувањата ќе бидат над два отсто, порачувајќи дека станува збор за сериозни суми пари.