Јаневска: Затворени се два института поради нерегуларности

Поради нерегуларности затворени се два института од страна на просветната инспекција, изјави денеска Весна Јаневска, министерка за образование.

Таа информира дека кај некои универзитети се утврдени нерегуларности, а дека државната просветна инспекција работи по сите пријави што стигнуваат до МОН со цел утврдување на нерегуларностите.

-Кај некои од универзитетите веќе сосема при крај е процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензенски комисии, декани и ректори. Во Штип веќе имаше една контрола, го чекаме извештајот, но битно е дека сите универзитети ќе го поминат овој процес и секаде каде што ќе бидат завршени процесите, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите. Досега во три универзитети има пронајдено неправилности, прецизира Јаневска.

Според неа, нерегуларности нема само кај универзитетите, туку тие се констатирани и кај одредени институти.

-Да, најдени се неправилности не само во универзитетите туку и во институтите. Процесот на затворање два института е комплетно завршен, продолжува во овој момент, најверојатно, и за уште три, објави Јаневска непрецизирајќи притоа за кои институти се работи.

Претходна вестИзгаснат е пожарот во депото на „Македонски железници – Транспорт“, причините непознати
Следна вестЗоолошка градина во Скопје се отвора повторно од сабота