Бензините минимално поскапуваат, дизелот по стара цена

Од полноќ се зголемува цената на горивата, додека непроменета останува само цената на дизелот, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), не се менува, односно останува 70,50 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1),  ќе се продава по цена зголемена за 1,50 ден/лит., односно за 69,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,859 ден/кг, и ќе изнесува 43,844 ден/кг.

Претходна вестУапсени малолетник и тинејџер, среде ден се шетале со оружје низ скопски Карпош
Следна вестМицкоски: Обвинители добиваат вирус и температура кога треба да гонат криминалци од минатата власт