Ја голтнал дрогата што ја купувал откако ја видел полицијата

48-годишен велешанец заврши во болница ја голтнал дрогата којашто ја купувал. Тој тоа го сторил во паника откако ја видел полицијата.

Како што информираат од полицијата двајца велешани биле фатени од полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес.

Полицијата соопшти дека 39-годишниот Ѓ.Д. бил затекнат во моментот кога му продавал две пакувања кафена прашкаста материја на 48-годишниот М.Т. во близина на центарот на Велес. Сепак, М.Т. ги забележал полициски службеници и панично ги проголтал пакувањата, по што бил веднаш пренесен во болница во Велес.

-Полицијата продолжила со акцијата и со судска наредба извршила претрес во домот на Ѓ.Д., при што пронашла 14 дополнителни пакувања кафена прашкаста материја, како и парични средства. Одземената дрога и материјалите ќе бидат предмет на понатамошно испитување, информираат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Претходна вестМицкоски: Обвинители добиваат вирус и температура кога треба да гонат криминалци од минатата власт
Следна вестВишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи суспендиран и за него е отворена истражна постапка