Трабзонспор го исфрли Барди од првиот тим

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е еден од четворицата фудбалери кои добија посебен статус од тренерот Шенол Ѓунеш во редовите на Трабзонспор.

Капитенот на нашиот национален тим ќе тренира одвоено од првиот тим, а се најде во групата заедно со Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил и Умут Бозок.

– Како резултат на денешниот состанок кој го одржаа претседателот Ертугрул Доган, потпретседателот Зејат Кафкаш и тренерот Шенол Ѓунеш, одлучено е четворицата фудбалери да тренираат одвоено за да ја подобрат својата форма, – стои во краткото соопштение на Трабзонспор.

Турските медиуми тврдат дека потегот на клубот е најава дека Трабзонспор ќе се обиде да се ослободи од голем дел интернационалци уште во зимскиот преоден рок.

Барди сезонава има осум настапи во турското првенство и досега забележа една асистенција.

Претходна вестПрекинато водоснабдување на дел од улиците Орце Николов, на потегот од Ленинова до Наум Наумовски Борче
Следна вестЕдна банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија