РФМ изрече драконски казни за ракометниот циркус во режија на Скопје и Гевгелија

Ракометниот циркус во режија на екипите на Скопје и Гостивар послужи за потсмев и во регионот, па тоа што го најави Борко Ристовски, оваа вечер доби официјална потрда.

Во срамниот натпревар во Купот, ракометарките намерно си даваа автоголови и намерно режираа утки од чисти ситуации, а поради режираниот скандал, сега двата клуба се исклучени од страна на РФМ.

Ракометната Федерација на Македонија реагираше драконски и ги избриша ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје од македонските натпреварувања, нагласувајќи дека тие нема да имаат право да играат во било кој настан организиран од страна на РФМ.

Покрај изречените казни за клубовите, суспензии добија и официјалните и овластените лица, како и делегатот на натпреварот кој не ја стопирал играта.

ВАлентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје доби двегодишна суспензија за вршење на ракометна функција, а истото важи и за тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Јулија Беќарова како претседателка на ЖРК Гевгелија исто така ќе биде во ракометен пост две години, додека делегатот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на својата функција во период од шест месеци.

Претходна вестШтетата од поплавите во БиХ проценета на повеќе од 100 милиони евра
Следна вестСе одбележува 80-годишнината од ослободувањето на Скопје