Тошковски: Петнаесетина високи полициски функционери добија откази за незаконско издавање дозволи за оружје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, информираше дека околу 15 високи полициски функционери добиле откази поради селективно и незаконско издавање дозволи за поседување оружје.

Како што објавува Сител, Комисијата за ревизија на МВР утврдила дека во минатото биле издавани дозволи на лица кои не ги исполнувале условите, додека на оние кои ги исполнувале условите им било одбиено барањето.

Министерот најави и дигитализација на процесот за издавање дозволи за оружје, што ќе ја елиминира дискреционата власт на функционерите во МВР и ќе го поедностави процесот за граѓаните.

Тошковски нагласи дека податоците за проверка на условите ќе се обезбедуваат автоматски преку МВР и Министерството за правда, што ќе спречи било какво влијание од страна на поединци.

Претходна вестОд денеска задолжително поседување зимска опрема
Следна вестГерасимовски демантира дека вршел притисок за упис на насилно дете во училиште