Остро и категорично демантирам дека сум вршел каков било притисок за упис на дете со насилно однесување во редовна настава во ООУ „11 Октомври”, соопшти градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
-Тврдам дека ниту сум иницирал, ниту сум бил информиран за каква било постапка во врска со ученикот, а особено не за вмешаност на општината во вакви прашања. Во текот на денешниот ден, основното училиште „11 Октомври” ќе излезе со целосна информација за овој случај.
-Како градоначалник, секогаш стојам зад принципиелни и законски одлуки и немам намера да дозволам дезинформации кои наметнуваат лажна слика. Барам од сите вклучени страни, особено од медиумите, да се воздржат од непроверени наводи кои го загрозуваат интегритетот на институцијата и сеат недоверба меѓу граѓаните, посочува тој.
Дел од медиумите вчера информираа дека родителите на учениците се гневни на одлуката на Директорката на Основното училиште „11 Октомври“ да го прими детето кое е избркано од повеќе учичишта поради насилство. Наводно, под притисок на градоначалникот Герасимовски, директорката на „11 Октомври“ дава согласност на родителите ученикот да биде примен во нејзиното училиште откако веќе бил ученик во ООУ„Лазо Ангеловски“.