Три лица кои се државјани на Турција се уапсени вчера од страна на полицијата во Штип. МВР соопшти дека лицатаТ.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с. Стар Караорман, штипско се сомничат за киднапирање и изнуда.
-Тие заедно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга, велат од МВР.
Од таму додаваат дека од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.