Инцидент ја одбележа вчерашната расправа за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата.
Битиќи, реплицирајќи на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, наеднаш го крена прстот кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и видно револтиран неколкупати повтори: „Те молам уште еднаш немој да го употребиш тој збор. Уште еднаш немој да го употребиш. Прв и последен пат.“
По ова, ја прекина репликата и се упати кон пратеникот Бојан Стојановски, што предизвика дополнителна тензија.
Интервенцијата на присутните пратеници спречи ескалација на ситуацијата.
ТВ21 открива дека пратеникот од редови на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски од собраниската клупа дофрлил кон пратеникот од редовите на СДСМ Фатмир Битиќи со зборовите: Лажеш!
Во својата реплика, Битиќи изнесе забелешки за јавниот долг, кој, според него, ќе достигне 70,8 отсто од БДП, вклучувајќи ги неисплатените обврски од локалната самоуправа. Тој исто така посочи дека ставката за „Стоки и услуги“ е зголемена за 15 проценти, а „Договорните услуги“ за 4,9 милијарди денари или над 80 милиони евра.
Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска побара да се задржи нивото на однесување и во тој момент ја прекина комисиската расправа и даде пазуа од десет минути.
Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани од страна на СДСМ, кои обвинуваат со државата каса за 2025 година, јавниот долг ќе достигне ниво од 70,8 отсто од БДП.
Буџетот е досега најголем и тежи 6,5 милијарди евра.