Сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ за настаните поврзани со случајот, не се појави во судницата на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Според неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е сведок, Гоце утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.
Гоце Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања, која беше исчезната пред да биде откриено дека е убиена.
Во моментов сведочи Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, односно дедото на Вања.
За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.