Во употреба е пуштен СТБ Детскиот велодром, изграден во паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во градот, соопшти денеска Градот Скопје.
Се наведува дека за сите млади, за љубителите на спортски активности со велосипеди, ролери и скејтборд, достапен е велодромот каде ќе можат да уживаат во новите забавни содржини.
-Новиот велодром кој на децата и младите им овозможува да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина, како проект на Стопанска банка Скопје реализиран со јавните претпријатија “Паркови и зеленило” Скопје и “Улици и патишта” Скопје, е резултат на повеќегодишната одлична соработка на Град Скопје со Стопанска банка како една од најдобрите општествено одговорни компании, се наведува во соопштението.