Утрово земјотрес во Дојран

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот бил на 80 километри југоисточно од Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестНезапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница (ВИДЕО)
Следна вестСтража, Ѓавато, Маврово и Плетвар покриени со магла, возете внимателно