Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот

На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.

Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестЛефков: 3 милијарди денари повеќе во буџетот за образование, се подобруваат условите за работа и учење и се зголемуваат платите