Ексдиректорот го украл ехо-апаратот од болницата во Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С. Т. (49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.

Тој во периодот од 8.7.2021 до 7.8.2024 во својство на директор на ЈЗУ Општа болница – Кичево, со намера да стекне противправна имотна корист, неовластено присвоил ехо-апарат M9 Mindray, кој му бил доверен во службата како донација од Министерство за труд и социјална политика во вредност од 2.134.482 денара.

Пријавениот ехо-апаратот не го ставил во употреба во услови на ковид-пандемијата.

Претходна вестТошковски: Потпишан протокол за заеднички гранични премини со Косово, чекор сме поблизу во имплементација на One Stop Shop концептот
Следна вестКривична пријава против три лицa: продавале кокаин