Пукање во гостиварско поради нерасчистен долг

Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско.

Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош.

Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со четири куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Претходна вестКривична пријава против три лицa: продавале кокаин
Следна вестКосовец и Австриец фатени како криумчарат 18 лица од Сирија, заработија кривична