Брејвик бара да биде ослободен

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик денеска ќе се појави пред суд за да побара предвремено ослободување од затвор откако помина повеќе од 13 години зад решетки. Тој уби 77 луѓе во јули 2011 година. Тој уби осуммина детонирајќи автомобил-бомба во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоја.

Тоа ќе биде второ барање за условно ослободување на Брејвик. Тој отслужува максимална казна од 21 година, која може да биде продолжена се додека се смета за закана за општеството. Брејвик доби право да бара условно ослободување откако одлежа десет години затвор.

Неговото прво барање за ослободување во 2022 година, беше неуспешно. На тоа рочиште Брејвик тврдеше дека го оставил насилството зад себе, но не се откажа од симпатиите кон неонацистите и рече дека ќе ја продолжи својата борба за превласт на белата раса по мирен пат.

Неговото денешно барање за условно ослободување ќе биде сослушано во строго обезбедуваниот затвор каде што тој се наоѓа, лоциран на брегот на езерото Тирифјорден, каде што лежи и Утоја. Судот ќе биде сместен во спортската сала на затворот. Брејвик ќе сведочи од 13 часот по локално време.

Покрај тоа, Брејвик се обиде да ја тужи норвешката држава, тврдејќи дека држењето во изолација ги крши неговите човекови права. Неговиот последен обид за промена на условите на притвор беше одбиен минатиот јануари. Жалбата на Брејвик ќе биде разгледана во декември.

Брејвик ја тужи Норвешка за „кршење на човековите права“.

Претходна вестИзложба по повод 120 години од раѓањето на Вангел Коџоман
Следна вестИвановски без учество на главниот турнир во италијанскиот Роверето