Ивановски без учество на главниот турнир во италијанскиот Роверето

Калин Ивановски претрпе пораз во новиот меч од квалификациите за пласман на главниот Челинџер турнир во Роверето, Италија.

Најдобриот македонски тенисер загуби од Романецот Богдан Павел со 2:0 во сетови 6:2 и 7:5 по еден час и 15 минути игра.

Претходно Ивановски во првата рунда од квалификациите го совлада Алексис Готие од Франција.

Челинџерот 100 во Роверето се игра за награден фонд од 120.950 евра.

Претходна вестБрејвик бара да биде ослободен
Следна вестСкопје утринава меѓу десетте најзагадени градови во светот