РКЕ: Издадени 254 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори

Од јануари заклучно со 31 октомври Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) има издадено лиценци за нови фотоволтаични централи со вкупно инсталирана моќност од скоро 272 MWh.

Согласно податоците на РКЕ за десет месеци низ регулаторниот филтер поминати се вкупно 254 барања од приватни инвеститори кои ја имаат комплетирано потребната документација и за кои се издадени лиценци за нови фотоволтаични централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.

РКЕ согласно Законот за енергетика во своја надлежност издава лиценци и носи одлуки за менување, пренесување, продолжување, суспендирање, одземање и престанок на лиценци за вршење на одделни дејности од областа на енергетиката како и за издавање на привремени лиценци и лиценци за пробна работа.

Инаку, РКЕ во 2023 година има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 МWh, додека во 2022 година се издадени лиценци за 152,2 MWh.

Претходна вестПалевски должел 15.000 евра, ден по убиството на Вања поправал котел за парно кај пријател
Следна вестМицкоски: Уште вчера и се јавив на Шекеринска , чест е Македонка да биде заменик Ген-Сек на НАТО