Прилепчанка „оперирала“ во маркет, украденото вратено на сопственикот

Вчера во 10.50 часот во маркет лоциран на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско.

Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот.

По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Претходна вестДвајца велешани приведени под сомнение за неовластено производство на наркотички дроги
Следна вестПаднаа скопски дилери- полицијата со полни раце работа