Пожар во руска фабрика за воена опрема

Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката Тајфун, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга во руската област Калуга, објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за спротивставување на дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана.

Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.

Тајфун, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.

Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.

Руските Телеграмски канали пишуваат дека беспилотните летала биле соборени во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. Гувернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на територија на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.

Претходна вестМешаниот хор Тесалоники вечерва во Скопје
Следна вестСедумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола