Неверојатниот Ненад Димитријевиќ постигна фантастични 43 поени за македонската репрезентација во квалификацискиот натпревар против Литванија (94-72), но доживеа повреда во последната четвртина и мораше да го напушти теренот.
Плејмејкерот на Олимпија Милано на прес-конференцијата отворено кажа дека Литванците ја натскокале Македонија, но во исто време рече дека е горд на тимот и на своите соиграчи за приажаниот пристап на овој тежок меч.
-Мислам дека на почетокот имавме контрола, но потоа Литванија комплетно нѐ натскока. Јас сум горд на моите соиграчи и на овој тим. Одигравме одлично прво полувреме, но во продолжението нѐ надиграа во скоро сите сегменти.
Постигнаа поени од отворени шутеви и имаа голема поддршка од домашната публика, но мислам дека и ние се претставивме во добро светло.
Се надевам дека ФИБА и Евролигата наскоро ќе најдат решение за овие натпревари и ќе имаме можност да му помогнеме на националниот тим свежи и одморени пред секој натпревар. Во последниот период доживеав повреда, но мислам дека беше само грч и не се работи за ништо сериозно, заклучи Димитријевиќ.
Македонската репрезентација остана само со теоретски шанси за пласман на следниот Евробаскет и мисијата за остварување на целта ќе биде неверојатно тешка. Ненад Димитријевиќ имаше блескав настап и за само 30 минути постигна 43 поени, четири скока и шест асистенции.