Крајниот десничар Калин Георгеску изненадувачки води по првиот круг на претседателските избори во Романија

Крајнодесничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску изненадувачки води по првиот круг на претседателските избори во Романија, освојувајќи 22% гласови. Во вториот круг на 8 декември, тој треба да се соочи со актуелниот премиер Марсел Чолаку, за кого гласале 20% Романци.

Малку познатиот Георгеску (62) не припаѓа на ниедна партија и кампањата наголемо ја водеше на ТикТок. Тој најави дека ќе стави крај на потчинетоста на Романија на ЕУ и НАТО, особено во поглед на поддршката за Украина. Наспроти него е социјалдемократот Чолаку, кој би го продолжил прозападниот пат на Романија.

Излезните анкети објавени веднаш по завршувањето на изборите сугерираа дека Чолаку има сигурно водство, додека на второто место беше кандидатката на десниот центар Елена Ласкони, која моментално е трета со 18% гласови.

Конечните резултати ќе бидат објавени подоцна денеска, откако ќе доврши броењето гласови во Букурешт и во дијаспората.

Претходна вестЗагадувањето пак се врати, Скопје утринава меѓу дванаесетте најзагадени градови во светот
Следна вестБанките и Владата се договорија за унгарскиот кредит