Кешишев го смени исказот: Палчо ми го даде писмото со смената изјава дека не ја убил Вања да го напишам со мојот ракопис

Обвинетиот Влатко Кешишев, на крајот на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, рече дека писмото кое го поднел до судот со исказот дека првообвинетит Љупчо Палевски-Палчо не ја убил Вања не е негово, туку му го дал Палчо. Кешишев на последното судско рочиште а 20 ноември, во писмо ја смени изјавата дадена во истрагата дека токму Палевски ја убил Вања.

-Тоа не е моја изјава, ми беше дадена за да ја напишам со мој ракопис, рече Кешишев денеска во судот.

На прашање од судијата кој му го дал писмото, Кешишев рече: „Обвинетиот Палчо“. А на прашањето зошто го направил тоа, рече: „Од страв“.

Кешишев кажа дека писмото со сменета изјава му го дал Палчо додека заедно биле транспортирани во комбе во два наврати на судски рочишта. Писмото преку затворот „Скопје“ во Шутка каде е во притвор, Кешишев на 20 ноември го доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа.

Претходна вестПочина владиката Тимотеј
Следна вестКомплетиран новиот состав на Комисијата за помилување