Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемува за еден денар, додека дизелот ќе се продава за денар и половина поскапо во споредба со претходната цена.
Така, новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари, еуродизел (Д-Е В) за 72, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70,50 денари за литар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 72, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.
Промена има и во малопродажната цена на мазутот, кој од ноќеска исто така се зголемува, и ќе се продава по цена од 44,737 денари за килограм.