СДСМ избира нови секретари и потпретседатели

Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ неделава, најверојатно денеска, ќе ја одржи својата прва седница.

На седницата треба да се изберат и потпретседатели и секретари на партијата.

Најсериозен кандидат за иден генерален секретар на СДСМ според информациите на 24инфо.мк е поранешниот советник на Зоран Заев, Митко Андреевски.

За четирите места потпретседател на СДСМ, се вртат неколку имиња, а како што дознава 24инфо.мк најсериозни кандидати се Менде Илиевски од Битола, коносителот на последните парламентарни избори во ИЕ 6 Агрон Демири и поранешната пратеничка Даниела Колева.

СДСМ во иднина ќе функционира со двајца организациски секретари, а неофицијално на оваа функција ќе бидат поставени екс пратеникот Мартин Костовски и Бранко Георгиевски, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Кисела Вода.

Според информациите, секретар за меѓународни односи ќе биде Јани Макрадули.

СДСМ го одржа 30’тиот Конгрес каде за заменик претседател на партијата беше избрана Фани Каранфилова Пановска.

 

Претходна вестНиколоски: Ако добро сработиме со Франција, ЕУ лесно може да ги прифати нашите аргументи за уставни измени со одложено дејство
Следна вестМинчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино делумно кратење