Македонија со полесен противник во квалификациите за Светското Првенство

По две првенства на кои го освои последното место (2012 и 2022), женската ракометна репрезентација на Македонија значително ќе го подобри својот пласман на шампионатот што се одржуваа оваа година.

Нашите ракометарки освоија бод по пауза од 16 години, а Шведска им помогна да го избегнат „фенерот“ во својата група бидејќи ја победи Турција со 47-19.

Македонија и Турција имаат по еден бод, но Македонија завршува како третопласирана бидејќи има гол разлика од -20, а Турција од -34.

Третото место во групата најверојатно ќе ѝ донесе полесен противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство на кое ќе се обиде да се пласира првпат по 2007 година.

Претходна вестОЈО за палењето на Адвокатска комора: Скопјанец отишол со секира и керозин, имал план како се да дигне во воздух
Следна вестДрамски театар Скопје гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“