По европската авантура ракометарите на Алкалоид се вратија на обврските во домашниот шампионат. Избраниците на Кирил Лазаров вечерва без проблеми славеа против Радовиш со 21-46 во меч од 13. коло од Суперлигата.
Тимот од Автокоманда почна фуриозно. Го полнеше голот на противникот од секоја позиција, а на полувреме замина со огромна предност од 9-25. Во вториот дел фармацевтите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 21-46.
Александар Петковски со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Трајанов, Ончев, Костадинов и Атанасов постигнаа по три гола.