Во белградската улица Узун Миркова, денеска се случи инцидент за време на петнаесетминутната акција „Стоп за Србија“, во која граѓаните им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад.
Имено, автомобилот удрил во група учесници кои стоеле на пешачкиот премин. Според очевидци, автомобилот го управувал 60-годишен маж, кој со полн гас соборил шест лица. Повредените со возило на брза помош веднаш биле пренесени во болница.
-Застанавме на пешачкиот премин, независно од учениците. Од правец на Студентскиот плоштад дојде возило управувано од постар човек. Бидејќи не можеше да помине удри во неколку лица кои беа на пешачкиот премин, изјави еден очевидец.
-Беше страшна сцена, луѓето беа тешко повредени. Повредениот најверојатно има скршеница на раката, а за другите не знам. Со возило на брза помош биле однесени. Ова е страшно, наведува очевидецот.