Вчера во периодот од 22.10 часот на 13.12. до 00.45 часот денеска, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш.(49) и З.И.(22), двајцата од село Чегране, гостиварско.
При претрес во угостителски објект во с.Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.