Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

-Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на самото место и веќе се работи на нивно санирање, соопшти МНР.

Претходна вестМВР: Од 1 јануари задолжително регистарски таблички да бидат со ознака НМК
Следна вестДеветнаесетгодишник со нож усмрти еден ученик, а повреди уште пет деца и наставничка во училиште во Загреб