Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер, соопшти синоќа актуелниот ракометен првак.

Репрезентативниот кружен напаѓач и еден од капитените на Еурофарм Пелистер се обврза на нов едногодишен договор, со опција и за втора сезона во нивниот дрес.

„По враќањето од Германија, Пешевски пронајде своја нова домашна средина во Битола и задоволство ни е што нашиот проект се совпаѓа со неговиот. На половина година од истекот на стариот договор парафиравме нов, со желба и тој да биде успешен како претходниот“, се наведува во клупското соопштение.

 

Триесетитригодишниот Пешевски пред две и пол години од Штутгарт се врати во Македонија и потпиша за Еурофарм Пелистер. Покрај овие два клуба настапуваше за скопски Металург и украински Мотор Запорожје.

Претходна вест(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари
Следна вестПуштен главниот цевковод во Скопје за неколку часа сите ќе имаат вода