Мицкоски-Куртулмуш: Интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.

– Ги потврдивме одличните и пријателски односи со Турција. Ја истакнав заложбата да се интензивира економската и културна соработка, како и интензивирање на односите во областите кои се од заедничко значење и важност, објави Мицкоски на Фејсбук.

Претходна вест81-годишна скопјанка им дала речиси 2 милиони денари на измамници кои ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
Следна вестДенеска сонце, од утре снег