Пронајдени 5.000 парчиња пиротехника во домовите на три лица

Вчера (21.12.2024) полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3.000 парчиња пиротехника.

Вчера, исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп  ги лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп и Ф.И.(36) од Прилеп  бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2.000 парчиња пиротехника.
По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од МВР.
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо да продуцира со лаги за Тошковски, нека направи анализа зошто на анкетите губи 5 спрема 1
Следна вестМасар Омерагиќ избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија