Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека владата ќе го забрани користењето на видео платформата ТикТок на една година, обвинувајќи ја социјалната мрежа за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата.
Албанските власти одржале 1.300 состаноци со наставници и родители по смртта на тинејџерот кој во средината на ноември беше избоден од друг млад човек по расправија, што наводно почнала на видео платформата.
Обраќајќи се на состанок со наставници и родители, Рама рече дека ТикТок ќе биде целосно затоврен за сите. Нема веќе ТикТок во Република Албанија.
Забраната ќе почне на почетокот на следната година, сѐ уште не е одреден точен датум.
Во одговор на прашањето за коментар од ТикТок побараа итно разјаснување на албанската влада за случајот со избодениот тинејџер.
Компанијата соопшти дека не пронашла докази дека сторителот или жртвата имале свои профили на ТикТок и дека повеќе извештаи покажале дека видеата што воделе до овој инцидент биле објавени на друга платформа, а не на ТикТок.
Децата во Албанија ја претставуваат најголемата група корисници на ТикТок во земјата, според домашните истражувања.
Албанските родители изразуваат зголемена загриженост по извештаите кои покажуваат дека деца на училиште носат ножови и други предмети за ги користат во кавги или во случаи на малтретирање какви што се промовираат на ТикТок.