Не би знаел и не би можел да шпекулирам. Навистина не знаеме каде е, вели потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи запрашан каде е неговиот поранешен сопартиец, Артан Груби по бегството од земјава. Османи истакна дека нема комуникација со него и нема информација дали Груби има албанско државјанство.
-Јас можам да кажам во името на партијата е дека разбираме дека ситуацијата не е лесна и ги разбираме фрустрациите на граѓаните и сомнежите по однос на политиката. Дури и нашата партија е ставена на тест на интегритет на некој начин. Морам да потенцирам дека постапки на поединци не можат да ја дефинираат цела една партија. Партијата ја дефинираат принципите и колективните одлуки. Не може да се најде нешто спорно кај ДУИ по однос на антикорупциската политика, рече Османи во емисијата на „360 степени“.
-Ако ме прашате зошто бегалец, мислам дека згрешил што избегал. Требаше да остане и да се соочи и да си ја каже својата вистина. Партијата не може да сноси одговорност за 34 илјади членови и нивните постапки, додаде екс-министерот за надворешни работи.